Вицепремиерот Бојан Маричиќ вчера ја обвини редакцијата на „А1он“ дека неточно информирала и манипулативно презентирала бројки за тоа колку државни пари потрошил за јадење во текот на 2021 година.
-Ја повикувам јавноста критички и објективно да го прими и толкува овој мој одговор и да направи споредба со начинот на кој А1он одлучиле да ги извртуваат оние 857.5 денари и да ги претставуваат како наводно расипништво, гоштавање или безобразност, напиша меѓу другото Маричиќ.
Наместо ова да го достави како демант до „А1он“, тој како што велат од медиумот го објави како реакција на социјалната мрежа „Фејсбук“, од причина што истите бројки поткрепени со документи ги објави и нашата редакција. Единствената разлика е што Маричиќ го оправдува сето ова јадење на државен трошок со „обемната работа“ којашто ја имал и дека не го прекршил законот туку уживал во погодностите што му биле овозможени. Тој дури, вчера, арогантно и иронично коментираше дека повторно јадел во Клубот на пратеници на средбата која траеше само три часа, а остана неодговорено прашањето која била потребата повторно да се јаде на државен трошок.
Од „А1он“ сметаат дека единствено манипулативно во овој случај е однесувањето на Маричиќ, кој, се чини, се заборавил дека одговара пред јавноста. Воедно му укажуваме на вицепремиерот во иднина да не се меша во работата на нашата редакција, а доколку смета дека изнесеното е лага, постојат институции каде што може да се обрати.
Повеќе прочитајте на А1ОН