Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во услови кога 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштијата, Владата на антимакедонската СДС и Димитар Ковачевски трошат 400.000 евра народни пари на омилената агенција Рејтинг.
-Истата фирма агенцијата РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Никола Спасов во период од 2017-та до 2022-та година, само од Владата добила 5 тендери во вкупна вредност од над 500.000 евра, додека од другите институции и општини под раководство на антимакедонската СДС има добиено 18 тендери во вредност од близу 180.000 евра. Оваа агенција спроведувајќи нарачани анкети прогнозираше победа на анимакедонската СДС на последните локални избори. Владата на антимакедонската СДС се расфрла со народни пари и наместо да ги плаќа агенциите за нарачаните анкети од буџет на партијата, ги плаќа со пари на граѓаните. Граѓаните едвај преживуваат и мака мачат како ќе ја поминат зимата поради ценовните шокови на прехранбените производи, струја и гориво, власта и Ковачевски се расфрлаат и делат тендери на фирма која што прогнозираа победа на последните локални избори Рејтинг, се наведува во соопштението на партијата.
Посочуваат дека дополнително, во спотовите за промоција на храната, виното и туризмот кои се дебело платени од парите на граѓаните никаде не се спомнува Македонија.
-Па логично е да се постави прашањето, како може антимакедонската СДС да троши 400.000 евра а притоа да го забранува името Македонија? Која држава ја претставува Димитар Ковачевски на Саем во Белград за храна, вино и туризам? Ова е само уште еден доказ дека Ковачевски се откажува од се што е македонско и ја понижува државата и македонскиот народ каде и да стигне. Со 400.000 евра залудно потрошени, анимакедонската СДС и Ковачевски може да помогнат на семејства кои немаат основни услови за живот, а не да шетаат и да се фотографираат. Со антимакедонската СДС и Ковачевски Македонија тоне на секој чекор. Антимакедонската СДС и Ковачевски ја испокрадоа државата и граѓаните. Антимакедонската СДС и Ковачевски се срам за државата и граѓаните, единствен излез од ова се предвремени парламентарни избори, стои во соопштението.