Булеварот 11 Октомври во центарот на Скопје денеска повторно е затворен за сообраќај, односно делот од булеварот пред Собранието, од крстосницата кај Црвен Крст до Порта Македонија.
Во текот на денот, се очекува за сообраќај да биде затворен и делот од Порта Македонија до Палома Бјанка (Рекорд/Ловец).
Пред Собранието се поставени и шатори и дел од луѓето кои протестираат изминативе денови се останати пред законодавниот дом. Забележливо е и поголемо полициско присуство.
Денеска во 11 часот народните избраници од власта, во Собранието на Македонија, продолжуваат да го туркаат францускиот предлог за отворање на патот на Македонија кон ЕУ со бугаризација на корените на македонскиот народ.