Двесте и педесет знамиња со Сонцето од Кутлеш се веат на куќите во општина Могила и Новаци, овјави ТВ Алфа.

Жителите од пелагониските села во Општината Могила, и неколку во Новаци, знамињата ги поставија на своите куќи и во дворовите, за да покажат колку си ја сакаат татковината и колку ја негуваат паметената историја, пренесувана од колено колено, преку генерациската меморија на нивните дедовци и предедовци.

Како што е познато, актуелната владејачка гарнитура, од лани со брусилки го отстранува македонскиот симбол Сонцето од Кутлеш дури и од поклопците на шахтите низ Македонија.

Целата сторија на ТВ Алфа, можете да ја погледнете во видеото.