Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги продолжува протестите и блокадите низ Македонија, а за денеска е најавено проширување на протестот во 20 градови.
Од 16 часот во Скопје ќе биде блокирана Владата, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со кои се бара оставка од премиерот Зоран Заев.
-Зоран Заев објави дека ќе ја менувал историјата во учебниците. Зоран Заев објави дека имало договор за 3 записници, а за 11 се пред договор, но не кажува која е цената за тоа. Зоран Заев вели договорена е формулација за 5 историски личности, не правејќи разлика од споделена и заедничка историја. Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна, соопштуваат од опозициската партија.