Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.
Дури 45,1% од граѓаните се изјасниле дека се ПРОТИВ договорот со Бехтел и Енка во сегашната форма како што беше потпишан од страна на Владата.
Истиот го поддржуваат 24,8%.
За разлика од македонските граѓани, Албанците кои живеат во Македонија изразиле поддршка за договорот.
Граѓаните сметаат дека во договорот со Бехтел и Енка има корупција и бараат тој да биде променет.
Најголем дел од македонските граѓани се изјасниле дека има корупција и треба да биде променет, а кај Албанците овој проект добил поголема поддршка.