Нашата Македонија е чудесна и на Први Мај! Низ цел свет синдикатите протестираат, а во Македонија си делат комплименти и си аплаудираат. Министри и лидери на синдикатите.

Врв на тоа задоволство е кога и владејачката партија изјавува: СДСМ е на страната на работниците!

Нешто не е во ред со светов и синдикатите во другите земји или е премногу арно во нашава чудесна Македонија!?

(Д.Г.)