Властите на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија се во финални договори за воведување авиолинии помеѓу Сараево и Скопје преку Подгорица, пишува „Екс-ју авиешн“.

Според нацрт-спогодбата на трите држави, поканети се сите авиокомпании, да испратат понуда за одржување на оваа авиолинија, која би била субвенционирана.

Разговорите за воспоставување на авиолинијата се во тек, а таа ќе овозможи подобра поврзаност на главните градови на трите држави, изјави црногорскиот амбасадор во БиХ, Велимир Шливичанин.

Официјалните претставници на трите држави веруваат дека со активирањето на оваа авиоврска ќе се поттикне развојот на туризмот и трговијата.

Поранешната државна авиокомпанија „БХ ерлајнс“ неколку години леташе на линијата Сараево – Скопје.