Филип Рикер, поранешниот амбасадор на САД во земјава, а сега наследник на Вес Мичел во Стејт Департментот, доаѓа во понеделник во Скопје. Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Мичел во почетокот на годинава.
Рикер ќе учествува на конференција, во организација на Маршаловиот фонд, а во рамки на престојот, според информациите, предвидена е и негова средба со премиерот Зоран Заев и со други членови на владата. Додека да биде именуван на новата функција, Рикер е се уште претставник на Европската команда на САД во Штутгарт.
Тој беше амбасадор во САД во периодот 2008-2011 година, односно непосредно по неуспехот на Македонија на самитот на НАТО ви Букурешт. Од таа позиција, Рикер беше активно вклучен во разговорите што следеа потоа за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција.
Во земјава наскоро доаѓа и нова амбасадорка на САД, Кејт Бурнс, по завршвањето на мандатот на џес Бејли.