„Чуму ни е Македонија без деца, ученици, млади луѓе кои иднината ја гледаат во печалба додека овде градовите и селата, нивите и фабриките, улиците и библиотеките се празнат секојдневно“.

Ова го истакна кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на средбата која денес ја одржа со граѓани.

-Сите зборуваат како да го спречиме егзодусот на младите. Зошто нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат одовде? Податоците велат дека 58 % од младите сметаат дека основната причина се лошите услови или лошиот живот. Колку е ова во хармонија со основното мото на партијата на власт и коалиционите партнери е дека нивната програма и цел е да го вратат животот во Македонија. Ако е враќање на животот да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде, бидејќи тие се најработоспособните, тие се во најплодната возраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија, тогаш голем проблем имам со животот во Македонија, истакна таа.

„Приоритет е да го вратиме владеењето на правото, довербата во институциите, урнисани од власта и да ја запреме миграцијата“-порача Силјановска.

За миграцијата и образованието

Чуму ни е Македонија без деца, ученици, млади луѓе кои иднината за гледаат во печалба додека овде градовите и селата, нивите и фабриките, улиците и библиотеките се празнат секојдневно. Приоритет е да го вратиме владеењето на правото, довербата во институциите, урнисани од власта и да ја запреме миграцијата

Gepostet von Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова am Samstag, 2. März 2019