Денешениот настап на Зоран Заев во европарламентот служи за мајтап на јавноста преку социјлните мрежи. И покрај бројните спинови со кои домашната јавност убедувана дека Заев доживеал овации, дека цела сала му аплаудирала и конечно, дека „Претседателот на Владата, кога се вракаше на своето место, сите присутни му станаа и му аплаудираа“ (ова го кажала извесна Лидија Димова вечерва на МТВ), фотографиите од настапот на Заев го говорат спротивното.

Салата е празна, тука и таму по некој пратеник од 745-те (присутни се околу 50), а и тие, како што тераат мајтап фејсбукџии, останале зашто ги мрзело да се мрднат од столчето. Сосема различна ситуациа од таа од пред два дена кога Виктор Орбан беше таму.