Ако навистина „се знае“ како што вели госпоѓата за бугарски надворешни работи, тогаш нема и проблем, не е потребен оној чудовишен договор за „заедничка историја“ (2017)!
Вината е и нивна, но и на нашите претставници на власта! За последниве, не сакам збор да трошам, но бугарските намера и цел се други! Она што се култивираше како „ бугарска вистина“ повеќе од век и половина, најпрвин како странска „направија“ (ако треба ќе им ги спомнеме и имињата) а потоа и како бугарска да стане таква и за нас, Македонците (измислените, лажните, непостоечките!). Сега им е моментот на „браќата“ со политички средства и можности („Европејската Унија“, САД и др.), да создадат и „научна основа“ на некогашните и сегашни амбициозни планови на малото им „отечество“! Гоце Делчев е македонска историска личност – револуционер и војвода! Бил „Бугарин“ согласно османлиските критериуми и вреднувања, а не и според современите вреднувања! Ова што се практикува, во науката е познато како „парахиерахијализам“ (Синклер), односно ненеучен принцип, бугарските колеги слушнале за ова, ама не им одговара, ќе треба да си ја исправат целата им историја!
Да ги применам критериумите во однос на Г. Делчев, што г-та за надворешни бугарски работи ни ги нуди, кон една бугарска личност: Стефанаки беј, кнезот на Самос, кој е со бугарско потекло и претходно се викал „Стойко Цонков Стойков (1775-1859) е „Грк“, „Романец/ Влав“, „Турчин“ (османлиски поими)! Но, ние овој историски лик го третираме како бугарски. Македонскиот народ има своја историја, свои јунаци и антијунаци и свој начин на чувствување на минатото, а во оваа смисла и кон Гоце Делчев, давајќи го својот млад живот за пособна, македонска слобода! Затоа е и Вториот Илинден и решението на АСНОМ за државен, национален празник на 2 август-Илинден! Има историска логика и континуитет!, истакнуваа Наташ Котлар од ИНИ, како реакција на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Захариева дека од „Северна Македонија“ се очекува да ја признае вистината според која, Делчев бил Бугарин.
Захариева, исто така истакна дека треба да се смени менталитетот на Македонците, а за таа цел треба да им се променат учебниците.