НАТО го поздрави договорот постигнат меѓу САД, Данска и Гренланд, со кој на Вашингтон му се доделува трајна контрола врз безбедноста, како и други ингеренции на оваа полуавтономна данска територија.

– Ја поздравуваме најавата дека наскоро ќе биде потпишан договор меѓу САД, Данска и Гренланд. Договорот ќе помогне да се зајакнат безбедноста, стабилноста и соработката во овој витален регион, изјави портпаролот на НАТО.

Арктикот и Северниот Атлантик, како посочи, се од суштинско значење за северноатлантската колективна безбедност.

– НАТО ќе продолжи да придонесува кон зајакнување на безбедноста на Арктикот, рече портпаролот на алијансата.