НАТО кодот за името на Македонија е сменет и наместо МКD, сега стојат само две букви, NM.

Оваа промена, како што дознава Нетпрес, била на барање на Грција, која побарала НАТО кодот за името на нашата држава, наместо MKD, да биде NMK или RNM.

За ова биле информирани и поренешните министри на Министерството за надворешни работи, како и Министерството за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Но, за тоа молчеле и не ја обелодениле оваа информација во јавноста, иако како држава сме биле официјално информирани.

Новата одлука на НАТО пред неколку дена е пристигната до македонските институции. Како што се вели во документот, Македонија во иднина треба да го користи скратеното име „NM“ како кратенка од North Macedonia.

Во документот се вели дека шифрите од две букви се користат за сојузниците на НАТО, а шифрите со три букви се користат за партнерите на алијансата.

Во оваа листа се менуваат и кодовите за Бугарија и Турција.