НАТО ќе премести во Романија неколку свои извидувачки авиони кои моментално се стационирани во Германија, па тие ќе бидат поблиску до Украина, јави ДПА.
Извидувачките авиони АВАКС треба да пристигнат во вторник во Букурешт за да го поддржат зголеменото присуство на алијансата во регионот и да ја следат руската воена активност, соопшти денеска НАТО.
Авионите АВАКС, кои вообичаено се сместени во базата на НАТО во Гејленкирхен кај Ахен, ќе бидат стационирани во базата на романските воздухопловни сили во Отопени во близина на Букурешт, на околу 200 километри од источната граница на земјата со Украина и таму ќе останат неколку недели.
– Додека илегалната војна на Русија во Украина продолжува да ги загрозува мирот и безбедноста во Европа, не смее да има сомнеж решеноста на НАТО да ја заштити и брани секоја педа од сојузничката територија, рече Оана Лунгеску, портпаролка на НАТО.