НАТО формално ја обвини Русија за кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.
Со ИНФ Европа се ослободи од нуклеарните ракети поставени на копно.
– Сојузниците заклучија дема Русија развива и на терен поставува ракетен 9М729, со што се крши Договорот ИНФ и претставува значаен ризик за евроатлантската безбедност, се наведува во соопштението издадено по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата.
Во соопштението се посочува и дека министрите „силно ги поддржуваат САД, кои утврдија дека Русија врши материјално кршење на обврските преземени согласно Договорот ИНФ.