Во момент на „кризата со Русија“, НАТО го подигнува нивото на подготвеност на илјадници војници од Алијансата, а станува збор за силите за брзо реагирање (NATO Response Force, NRF), објави германската агенција ДПА, повикувајќи се на свои извори.
– НАТО ја зајакнува подготвеноста на илјадници војници поради кризата со Русија, се вели во соопштението.
Силите за брзо реагирање, како што јави ДПА, треба да можат да интервенираат во зоната на конфликтот во рок од седум дена, наместо за 30, како што беше досега.