Шест американски бомбардери Б-52 денеска ќе прелетуваат над сите 30 земји-членки на НАТО, меѓу кои и на небото над Македонија.

Ова го соопшти генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку својот твитер-профил.

– Денеска САД ќе ја покаже својата силна посветеност на НАТО со шест бомбардери Б-52, кои ќе ги прелетаат сите 30 земји-членки. Тие ќе бидат придружувани од десетици летала од алијансата. Работејќи заедно, се посветуваме на нашата основна мисија: одвраќање на агресија, спречување конфликт и зачувување на мирот, напиша Столтенберг.