НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

„Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин мора да престане да ја користи храната како оружје и да стави крај на нелегалната војна против Украина.

Луганску истакна дека извозот на жито од Украина помогна да се намалат цените на храната ширум светот.