Натпреварот од француската Лига 1 меѓу Марсеј и Рен првично закажан за вечерва во 21 часот е одложен поради напад на навивачите на Марсеј врз клупската база.

Датумот на натпреварот ќе биде објавен подоцна.

За време на акцијата, навивачите фрлаа запалени факели на влезот во тренинг центарот, предизвикувајќи пожар.

Марсеј има само една победа на последните девет натпревари и четири порази по ред