Научници од Институтот Каролинска во околината на Стокхолм, Шведска, открија какви видови сеќавања се подобро развиени кај жените, отколку кај мажите. Анализата опфатила над 600 научни проучувања, спроведени меѓу 1973 и 2003 години и над 1,2 милиона лица испитаници.

Резултатите велат оти жените имаат подобро развиено епизодно паметење, поради што многу подобро ги запомнуваат малите нешта од својот живот, на пример, подробностите од некој разговор, или пак, што се случило во одреден миг од минатата седмица. Освен тоа, жените имаат и подобра тн. „сетилна меморија“, поради што подобро помнат лица и имаат поизострено чувство за мириси.

Независно од сето тоа, според стручните лица, и мажите имаат некои предности. На пр., тие полесно ја помнат географската положба, што им ја олеснува ориентацијата, па така – побргу го наоѓаат местото каде го паркирале автомобилот.

Научниците подвлекуваат дека епизодното помнење е еден од најчувствителните видови сеќавања и нѐ штити од негативните фактори, како што е недостаток на сон, стрес и предвремено стареење.