Научнци покренаа голем проект за мапирање на генетскиот код на сите 1,5 милиони познати облици на сложен живот на Земјата и се надеваат дека ќе го завршат за 10 години.

Земскиот биогеномски проект го опишуваат како „следен обид за освојување на Месечината за биолошки науки“, откако во 2003 година е завршено со мапирање на човековата ДНК кое траеше 13 години и чинеше три милијарди долари.

– ЕБП ќе чини 4,7 милијарди и ќе создаде нови темели за зачувување на биолошката разновидност и одрживи човечки општества, вели Харис Левин професор на Калифорнискиот универзитет и прв човек на ЕБП.

– Мапирањето ќе биде голем извор на нови откритија за разбирање на правилата на живот, еволуција за нови пристапи за заштита на ретки загрозени видови, додаде тој.
Според него, потребно е да се каталогизира животот на нашата планета.

– Нема да го направиме тоа затоа што е лесно туку дека е значајно.