Изгубениот континент научниците го именуваа како Голема Адрија бидејќи пред да потоне поголемиот дел од него се простирал во денешна јужна Европа. Денес овој континент е заглавен длабоко под Балканот.
Голема Адрија настанала пред четири милијарди години кога се одвоила од суперконтинентот Гондвана кој тогаш се состоел од Африка, Јужна Америка, Антартик, Австралија, Индискиот Потконтинент и Арапскиот Полуостров.
„Медитеранскиот регион е, просто кажано, геолошки неред. Сѐ е закривено, растурено и расфрлано“, објаснува Доуве ван Хинсберхен од Универзитетот Утрехт во Холандија говорејќи за списанието „Сајанс“.
Според проценките, Голема Адрија бил дел од африканската тектонска плоча, а пред стотици милиони години почнал да навлегува под евроазиската тектонска плоча, односно под денешна јужна Европа.