НАВРЕДИ КОН ВЕРНИЦИТЕ: Црквата да одј*бе, беше еден од транспарентите за 8 Март, пред кој изјава даваше Зајкова, лидерка на ЛДП

/ 08.03.2023

Транспарент со текст „Црквата да одј*бе“ беше централен декор на на протестот кој се одржа на 8 март, во Скопје, во организација на извесно здружение за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената.

Крајно иронично, организаторите на собирот говорејќи за потребата од постигнување на целосна еднаквост, всушност упатија жестоки навреди кон големото тивко мнозинство прашани со изразена религиска свест, како и кон Црквата како институција.

– Моника Зајкова, пратеничката и претседателката да каже со она зад неа дали се согласува? А да, само смешни и патетични сте со таквите пароли… и не, секако не ѝ помагате на каузата ваша со такви пароли… ако воопшто ја имате… вие си знаете… инаку… црквата го преживеала Диоклецијан и Сталин… ќе се снајде некако и со ваквите како вас де. Зајкова?, напиша на својот профил на Фејсбук, Оливер Шамбевски.

Ваква провокација да се случи во врска со „европските вредности“ за парадите на гордоста, ќе зовријат невладините и провладините, а тоа што се навредуваат милиони верници во Македонија, како да не е проблем.


Од истата категорија