Sвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурант нема да игра во последната фаза од сезоната 2019/20. Тој го објави ова пред Марк Спирс од „The Undefeated“.

Крилото претпочита да почека затоа што не е сигурен дека неговото тело ќе го издржи интензитетот на играта, а тоа ќе му даде и шанса подобро да се подготви за следната сезона.

– Најдобро е да почекам. Мислам дека не сум подготвен да играм со тоа темпо следниот месец. Тоа ми дава повеќе време да се подготвам за следната сезона и остатокот од мојата кариера, рече Кеј Ди.

Поранешниот играч на Голден Стејт ја скина ахиловата тетива во натпреварот бр.5 од минатогодишното финале.

– Сезоната ми заврши. Јас воопшто немам планови да играм. Одлучивме минатото лето дека ќе треба да почекам до следната сезона. Немав никаков план да влезам во игра за време на тековната кампања, додаде 31-годишниот кошаркар.

Другиот лидер на тимот, бекот Каири Ирвинг, исто така беше подложен на операција на рамо.
Информациите говорат дека и тој нема планови да учествува во последната фаза од сезоната.