Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид на натпреварот со Торонто одигран ноќеска во Канада, не успеа да постигне ниту еден поен. Ова му се случува за прв пат во кариерата.

Натпреварот заврши со победа на Торонто 101:96.

Ембид одигра 32 минути не погоди ниту еден од 11 обиди од поле, забележа 13 скока и две асистенции.

Познатиот рапер и фан на Репторс, Дрејк не ја пропушти можноста да му се изнасмее на Ембид за слабата реализација и саркастично му аплаудираше за време на натпреварот.