Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембиид го подобри својот личен рекорд во плејофот со 36 поени во неговиот трет победнички натпревар во серија од првото коло против Вашингтон.

Сиксерс ноќеска ги совладаа Визардс на гостински терен со 132:103 и поведоа 3:0 во серија прв до четири од 1. коло на плејофот во НБА-лигата.

Ембиид погоди 14 од 18 удари од поле, од кои 3 од 4 тројки. Имаше 5 од 7 слободни фрлања, 8 скока, 2 асистенции, 3 украдени топки, 1 блокада и 2 загубени топки за 28 минути поминати на теренот.