Кошаркарот на Детроит, Бојан Богдановиќ, стана најдобар хрватски стрелец во НБА лигата, надминувајќи го на вечната листа легендарниот Тони Кукоч.

Богдановиќ во еден од деветте натпревари на новогодишната ноќ во НБА лигата постигна 28 поени во триумфот на Детроит над Минесота (116-104) на гостински терен,

Со тоа Богдановиќ дојде до вкупно 9.811 постигнати поени на 641 натпревари во НБА лигата, надминувајќи го ефектот на Кукоч, кој на 846 натпревари во најсилната кошаркарска лига постигна 9.810 поени.