Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф  Кари постигна трипл-дабл во првиот натпревар на двете екипи од НБА сезоната 2021/22. Вориорс ги победија Лејкерс на гостински терен со 121: 114.

Кари натпреварот го заврши со 21 поен, 10 скока, 10 асистенции за осми трипл-дабл во кариерата.

Еден од најдобрите „снајперисти“ во историјата на лигата реализира пет од од 21 удари од поле, два од осум обиди за тројка и девет од девет слободни фрлања.

Најдобри кај Лејкерс беа Леброн Џејмс со 34 поени, 11 скока и пет асистенции, и Ентони Дејвис, со 33 поени и 11 скокови.

На другиот натпревар одигран ноќта вторник кон среда, бранителот на трофејот Милвоки бакс го совлада Бруклин нетс со 127:104.