Предводени од Каваи Ленард, кошаркарите на Лос Анџелес клиперс го совладаа Шарлот хорнетс во еден од 11-те натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник.

Ленард уште еднаш покажа дека е огромно засилување за Клиперси оваа сезона. Тој мечот го заврши со 30 поени, седум скокови и шест асистенции.

Резултати:
Детроит – Индијана 96:94
Њујорк – Чикаго 105:98
Атланта – Филаделфија 103:105
Торонто – Орландо 104:95
Хјустон – Оклахома 116:112
Милвоки – Кливленд 129:112
Њу Орлеанс – Голден Стејт 123:134
Сан Атонио – Портланд 113:110
Феникс – Јута 95:96
Сакраменто – Денвер 94:101
ЛА клиперс – Шарлот 111:96.

По почетните кола без пораз, со по три победи досега се Минесота, Денвер, Сан Антонио и Филаделфија.