Актуелниот шампион Торонто репторс, за прв пат во историјата ја доби наградата „Тим на годината“.

Минатата сезона, Рапторс стигнаа до првиот шампионски трофеј од кога се натпреваруваат во НБА.

Како што е наведено на официјалната веб-страница на Репторс, клубот добил награда за достигнувања во тимскиот бизнис, бројот на продадени билети, партнерства, маркетинг, електронски медиуми, деловна аналитика и иновации.