Реприза на финалето меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами хит ќе биде на распоредот на 20 февруари идната година, стои во календарот за новата сезона во НБА лигата.

Два дена откако го објави распоредот за воведните три кола во новата сезона, НБА го објави и комплетниот распоред со натпреварите до Ал Стар викендот, кој е на програмата на 4 март.

Новата сезона во НБА лигата започнува подоцна овој месец, со градското дерби меѓу бранителот на титулата ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс, закажано за 22 декември.