Кошаркарите на Милвоки го совладаа синоќа по продолжение Бруклин со 120-119, во натпревар во кој Јанис Адетокунбо стана најдобар стрелец во историја на „Бакси“, пред легендарниот Карим Абдул – Џабар.

Грчкиот кошаркар влезе во натпреварот со 14.172 поени, а клупскиот рекорд го постигна со тројка на 18 секунди пред крајот на регуларниот дел со која донесе продолжение.

Адетокунбо сега е прв стрелец во историјата на Милвоки со 14.216 кошеви, пред Џабар со 14.211 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок:

Детроит – Филаделфија 102-94

Атланта – Кливленд 131-107

Бруклин – Милвоки 119-120

Чикаго – ЛА Клиперс 135 – 130

Јута – ЛА Лејкерс 122-109