Најдобрата екипа во досегашниот тек од сезоната во НБА лигата Феникс продолжи незапирливо да граби кон место во плеј-офот и ја забележа деветтата победа во низа, совладувајќи ја Минесота пред своите гледачи со 134-124.

Тројца кошаркари во редовите на Феникс го завршија натпреварот со повеќе од 20 поени, а најистакнат беше Крис Пол, кој оствари трипл – дабл ефект со 21 поени, 14 асистенции и десет скокови.

Денвер, предводен од Никола Јокиќ, исто така, продолжи со серијата победи и го запиша четвртиот триумф во низа, совладувајќи го Њу Орлеанс на гостински терен со 116-105. Српскиот кошаркар запиша нов трипл-дабл ефект со 29 поени, 13 скокови и десет асистенции, со шут од игра 11-19.

Резултати на натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Орландо – Детроит 119-103

Атланта – Бостон 108-92

Шарлот – ЛА Лејкерс 117-114

Хјустон – Портланд 110-125

Мемфис – Јута 119-109

Мајами – ЛА Клиперс 121-114

Њу Орлеанс – Денвер 105-116

Оклахома – Индијана 110-113 (по продолжение)

Сан Антонио – Чикаго 131-122

Феникс – Минесота 134-124

Милвоки – Њујорк 123-108.