Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа синоќа Сакраменто со 122:114 предводени од својата најголема ѕвезда Леброн Џејмс, потпомогнат од одличниот Малик Монк.

Сакраменто влезе во последната четвртина со водство од 96:89, но на крајот, сепак, доживеа пораз, откако не успеа да најде решение за расположените Џејмс и Монк.

Џејмс во последната четвртина уфрли 14 од своите вкупно 31 поени, а во клучните моменти на сцената стапи и Монк, кој постигна 11 поени во завршните седум минути, завршувајќи го натпреварот со 24 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторникот и среда:

Кливленд – Мемфис 106:110

Торонто – Сан Антонио 129:104

Њујорк – Индијана 104:94

Њу Орлеанс – Феникс 110:123

ЛА Лејкерс – Сакраменто 122:114