Кошаркарите на Далас ставија крај на победничката серија од осум натпревари на Бруклин, триумфирајќи на гостувањето кај „Нетси“ со 115:98.
Најефикасен во победничкиот тим беше Словенецот Лука Дончиќ, кој на својот 22 роденден, постигна 27 поени, додавајќи шест скокови и седум асистенции.
– Вечерва игравме тимски. Сите бевме инволвирани и сите придонесувавме во одбраната и во нападот, изјави Дончиќ по натпреварот.
Резултати од ноќта меѓу саботата и недела:
Бруклин – Далас 98:115
Њујорк – Индијана 110:107
Орландо – Јута 109: 124
Сан Антонио – Њу Орлеанс 117: 114
Оклахома – Денвер 96:126
Филаделфија – Кливленд 109:111 (по продолжение)
Вашингтон – Минесота 128: 112.