Раководството на Ливерпул гледа во стратегот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, идеален наследник на Јирген Клоп на клупата на актуелниот англиски првак, објави лондонски „Мирор“.

Британскиот весник посочува дека челните луѓе на Ливерпул веќе бараат ново решение за тренерското место, откако Клоп веројатно ќе прифати понуда на Германската фудбалска федерација да го замени Јоаким Лев на селекторското место.

Џерард го носеше дресот на Ливерпул од 1998 до 2015 година. Тој во моментов е тренер на Глазгов Ренџерс, со кој е пред шампионска промоција во Шкотска, а обезбеди и пласман во осминафиналето во Лига Европа.