Кошаркарите на Далас ставија крај на победничката серија од осум натпревари на Бруклин, триумфирајќи на гостувањето кај „Нетси“ со 115:98.

Најефикасен во победничкиот тим беше Словенецот Лука Дончиќ, кој на својот 22 роденден, постигна 27 поени, додавајќи шест скокови и седум асистенции.

– Вечерва игравме тимски. Сите бевме инволвирани и сите  придонесувавме во одбраната и во нападот, изјави Дончиќ по натпреварот.

Резултати од ноќта меѓу саботата и недела:

Бруклин – Далас 98:115

Њујорк – Индијана 110:107

Орландо – Јута 109: 124

Сан Антонио – Њу Орлеанс 117: 114

Оклахома – Денвер 96:126

Филаделфија – Кливленд 109:111 (по продолжение)

Вашингтон – Минесота 128: 112.