Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за плановите за трансфери на клубот за летото 2021 година.

– Не мислам дека сега е време за големи промени, како на пример ослободување од 6-7 играчи. Оваа година, поради многуте повреди, нашите главни фудбалери речиси и да немаа шанси да играат заедно. Општо, ќе има мали усогласувања на составот. Ќе реагираме на моменталната ситуација, но со поглед кон иднината, го цитира „Goal“ Клоп.

Ливерпул кој е бранител на трофејот во Премиер лигата, е 6. на табелата со 40 бода по 25 натпревари.