Тимот на Торонто Репторс е на чекор од историската прва титула во НБА лигата.

Тоа стана факт, откако ноќеска „диносаурусите“ го освоија натпреварот бр.4 од финалето со 105: 92 (17:23; 25:23; 37:21; 26:25) и поведоа во серијата со 3:1 во победи.

Каваи Ленард повторно беше на ниво за победниците и запиша зад името „дабл-дабл“ – 36 поени и 12 скока, а Серж Ибака и Паскал Сикам додадоа соодветно 20 и 19 поени за успехот.

Клеј Томпсон, кој се врати во игра откако го пропушти натпреварот бр.3 поради повреда, беше најпрецизен за „воините“ – 28 поени, Стеф Кари додаде 27 поени, а Дрејмонд Грин заврши со „дабл-дабл“ – 10 поени и 12 асистенции.