НБА лигашот Феникс и досегашниот тренер на екипата Монти Вилијамс (50) договорија долгогодишно продолжување на соработката, објави ЕСПН.

На американскиот кошаркарски стратег, кој изминатата сезона беше прогласен за најдобар тренер во НБА лигата, му преостануваа уште две години од важечкиот договор, но раководството на Феникс одлучи да го награди со долгогодишен договор. ЕСПН не објави за колку години е продолжена соработката.

Пред две сезони Вилијамс го предводеше Феникс до финалето во разигрувањето за титулата во НБА лигата во кое загуби од Милвоки.

Изминатата сезона Феникс имаше најдобар ефект во регуларниот дел (64-18), но беше поразен во полуфиналето во Западната конференција од Далас.