Сан Антонио нема да игра во плеј-офот во НБА лигата за прв пат во новиот век, откако Спарси не успеаја да се квалификуваат во елиминациите.

Тимот од Тексас загуби од Јута со 112-118, но победите на нивните ривали го одбележаа и крајот на серијата од 22 последователни настапи на најважните натпревари. Претходниот пат кога тимот не ја достигна оваа фаза беше во 1997 година.

– Веројатно тоа им значи многу на многумина, но јас не гледам наназад. Најважно е што работите во моментот и за што се стремите, и јас сум многу задоволен од нашиот настап овде и напредокот на младите играчи, изјави легендарниот тренер Грег Поповиќ, кој донесе 5 титули на Сан Антонио во текот на овие 22 последователни учества во елиминациите.

Инаку, Портланд и Мемфис ќе го одредат ривалот на Л.А. Лејкерс во првото коло. Трејлблејзерс го преживеа Бруклин и победија со 134-133 по 42 поени на Демијан Лилард за да остане на 8-то место. Гризлиите победија со 119:106 против Милвоки, кој беше без казнетиот Јанис Антетокумпо.

Така, Мемфис остана на 9-то место и мораше да ги победи двата потенцијални натпревари против Портланд, додека на „пионерите“ им беше потребен само еден успех за да стигнат до битката со Лејкерс. Феникс го заврши доигрувањето на сезоната, освојувајќи ги сите осум натпревари по 128:102 против Далас, но тоа не беше доволно за „сонцата“.

Резултати од НБА:

Бостон – Вашингтон – 90:96
Л.А. Лејкерс – Сакраменто – 122: 136
Мемфис – Милвоки – 119: 106
Феникс – Далас – 128: 102
Јута – Сан Антонио – 118: 112
Бруклин – Портланд – 133: 134
Орландо – Њу Орлеанс – 133: 127

Источна конференција:
1. Милвоки 56 победи / 17 порази
2. Торонто 52/19
3. Бостон 48/24
4. Мајами 44/28
5. Индијана 44/28
6. Филаделфија 42/30
7. Бруклин 35/37
8. Орландо 33/40
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
9. Вашингтон 25/47

Западна конференција
1. Л.А. Лејкерс 52 победи / 19 порази
2. Л.А. Клиперс 48/23
3. Денвер 46/26
4. Хјустон 44/27
5. Оклахома Сити 44/27
6. Јута 44/28
7. Далас 43/32
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
8. Портланд 35/39 *
9. Мемфис 34/39 *
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
10. Феникс 34/39
11. Сан Антонио 32/39
12. Сакраменто 31/41
13. Њу Орлеанс 30/42

* Учесници во плеј-ин мечот за последната квота на Западната конференција.