Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 19 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%).

Фото: архива