По одлуката на Русија гасот да се плаќа во рубљи и по пауза од два месеца, оваа валута се врати на курсната листа на Народната банка. Со ова се овозможува и тргување со оваа валута.
Според денешната курсна листа, соодносот рубља – денар е 1: 0,7866, односно 1 рубља се менува за 0,78 денари.
Рубљата ја немаше на официјалната курсна листа на земјава од 2 март годинава. Народната банка во изјава за Плусинфо тогаш беше кажано дека причина е тоа што Европската централна банка нема референтна цена за оваа валута.
– Од 2 март, кога Европската централна банка соопшти дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековно недоволниот обем на тргување и во согласност со Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите, Народната банка информираше дека среден курс на денарот во однос на руската рубља е последно објавен на курсната листа со важност од 2 март 2022 година – рекоа од НБ.
Народна банка информираше дека за книговодствено искажување на побарувањата и на обврските се користи последниот среден курс на денарот во однос на руската рубља од 2 март. Тогаш рубљата се менувала за 0,5264 денари.