ФБ профил на Кочанска Котлина

🇲🇰Железничка станица Кочани
🔴 Претставува нај источната железничка станица во Македонија.
🔴 Почната да се гради 1925, а наредната 1926 пуштена во употреба, од Велес преку Штип до Кочани како последна нај источна станица.
🔴 Меѓу првите патници и гост на Кочани по оваа линија е бил и кралот Александар Караџорџевич, крал на тогашното кралство СХС под која власт е била и денешна Македонија.
🔴Благодарение на таа пруга во одминатите години жителите на Кочанско од возот ја дочекувале својата покуќнини, автомобили… кои биле нарачувани и произведувани во големите градови во тогашната држава.
🔴Поголемите кочански производни фабрики биле дирекно поврзани со пругата, и на тој начин возот влегувал буквално кај секој гигант во кругот, за да ја земе произведената роба, или да донесе произведувачки суровини.
🔴 Сите години возот се одвиваше секојдневно наутро и навечер.
🔴 Нажалост од почетокот на мај 2021 железничката линија на релација Кочани Скопје Кочани престанува да се одвива се до денешен ден.
🔴 Последно повратен билет до Скопје беше 400 денари.
🔴 Железничката станица и пругата остануваат во милост и немилост на времето.
🔴 Сите израснавме и убаво ја знаеме познатат детска песничка “возот иде од Кочани….”