Митко Јанчев, „вмровскиот“ градоначалник на Кавадарци, сака да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ, откако на нелегалниот конгрес на т.н. Иницијативен одбор ќе му се изгласала недоверба на Мицкоски. Тоа е човекот кој пред неколку месеци или потопно во септември ланската година, изјави од говорнциата на Советот на општина Кавадарци: „Дај Боже да сме сите како Зоран Заев, државата ќе ни стане Швајцарија!“

Со тоа Јанчев се приклучи кон ордата „бизнисмени“ кои се воодушевуваат од Заев, веројатно зашто така чувствуват дека имаат наспроти себе премиер со кој интелектуално делат слични нивоа.

Но, нејасно е зошто Јанчев, како и Ивица Конески и останатите од т.н. Мериот коалиција која стана ортак со Зоран Заев, не го отвориле Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, каде пишува кој и како може да свика вонеден Конгрес и да го постави прашањето за смена на претседателот на партијата. Впрочем, еве што таму пишува за ова прашање:

:

 

Значи, барање за одржување вонреден Конгрес може да поднесат Мицкоски или една половина од членовите на ЦК, а не делегати од минатиот Конгрес Колку што е познато, на барњето за вонреден Конгрес нема една половина од членовите на ЦК.

Потоа се свикува седница на ЦК во ток од 15 дена откако е поднесено барањето, а одлука на вонреден Конгрес се носи со две третини гласови од вкупниот број членови на ЦК.

Тоа е првиот момент. Вториот е дека делегатите на Конресот исто така се определини со Статутот. Тоа се:

Како што можете да видите, тука нема ни збор за тоа дека вонреден Конгрес можат да свикаат и на него да учествуваат делегати од претходниот Конгрес. Впрочем, тоа би било нелогично, зашто ако тоа е така, тогаш тие делегати ќе учестуваат и во изборот на нов претседател, па потоа истите можат да свикаат нов Конгрес, па да изберат друг… што би значело дека тие се вечни делегати, што не е така.

На Јачнев веројатно ова не му е познато, оти е малку комплицирана материја, но секако им е познато на Мериот коалицијата, па оттука, иако свесни дека прават нелегална работа, упорно ја туркаат, што само по себе открива дека мотивите не им се загриженост за партијата, туку создавање проблеми и неред, Кому таквата состојба му одговара – сосема е видливо од зборовите на Јанчев: „Камо среќа сите да се како Заев. Македонија ќе биде Швајцарија“. Ако Јанчев мислел на поделбата на Швајцарија на кантони, тогаш погодил – Заев навистна ја направи Макеоднија конфедерација. Ако мислел на стандардот, тогаш дебело згрешил и подобро да се држи до полнењето вода.