Жестока реакција упатија градоначалници од островите во североисточен Егеј откако беше соопштено дека премиерот Ципрас и канцеларката Меркел направиле добар пазар – Грција да прифаќа бегалци, а за возврат островите да бидат одлободонеи од плаќање ДДВ. Плаќањето ДДВ е болна точка за островите, но овој пат тие не сакаат да го прифатат, а уште помалку да го грицкаат морковот што Меркел им го спакувала., а нивниот премиер им го донел.

Станува збор за градоначалници на најатрактивните острови за туристи: Лезбос, Кос, Самос, Хиос и Лерос. Тие објавија писмо до јавноста во кое ја искажуваат својата поизицијата за непринципиелниот пазар со кој тие можат да станат „заложници на есктремна реалност“ во ЕУ.

„Објавуваме дека ќе реагираме и дека нема да прифатиме формирање нови структури на нашите острови со кои ќе се охрабруваат имигрантите и бегалците. Ние сметаме дека тоа е неприфатливо како практика – од кого и да е направена – укинувањето на ДДВ-то да биде во замена за градење нова инфраструктура. Нашите острови не можат да издржат прифаќање на други мигранти или бегалци и тоа е нешто што треба сите да го разберат. Празнење на островите е врвен приоритет за целиот северен Егеј“, се наведуива во писмото од петте градоначалници.

За нив прашањето има посебна емотивна тежина, затоа што им беа наметнати високи даноци, односно ДДВ за што почнаа правна битка со ЕУ. Сега кога сето тоа е сведено на „пазар“ нив ги погаѓа и се повикуваат на хуманитарнотот право кое треба да важи секаде во Европа, а не амо за тие што се на нејзините периферни граници.