КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ШТИП: Власта на СДС и ДУИ 6 години се изживува со штипјани и 300.000 народ од источна Македонија

/ 10.07.2023

Шест години СДС и ДУИ не ставија цигла на Клиничката болница во Штип, која е оставена во напредна фаза на реализација, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и ДУИ 6 години се изживуваат со штипјани и народот од истокот на Македонија, 6 години пациентите од истокот се лечат во лоши услови, и неможат да ја добијат Клиничката болница, која оваа власт ја наследи во напредна фаза и требаше година дена работа за да ја дозаврши. СДС и ДУИ не ја довршија болницата, и ја оставија во состојба во која и ја затекнаа, без да продолжат со работа. 300.000 наши сограѓани кои гравитираат околу Штип имаат полоши услови за лекување заради СДС и ДУИ, се вели во соопштението од партијата.

Како што објавивме вчера еднострано е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип. Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервју за Макфакс рече дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата требаше да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година.


Од истата категорија