Јапонскиот фудбалер Казујоши Миура денеска на 54-годишна возраст потпиша нов договор со клуб од тамошната четврта лига.
Миура се приклучи на тимот на Сузука поинт гетерс, симболично, на 11 јануари во 11:11 часот по локално време, и ќе го носи дресот со број 11. Напаѓачот кој во февруари ќе наполни 55 години, на крајот на минатата година изјави дека добил неколку понуди од клубови од Јапонија и странство, откако минатата сезона беше член на Јокохама во првата јапонска лига.
Тој минатата сезона одигра само една минута, а неговиот тим заврши на последното место во првенството. Миура инаку, сака да игра до своите 60 години.
Тренер му е неговиот постар брат Јасутоши. Јапонската фудбалска ѕвезда, меѓу другите, во сезоната 1994/95, во текот на својата долга кариера играше и за бразилските екипи Сантос, Палмеирас и Коритиба. Беше на позајмица во Џенова, а потоа играше за Динамо од Загреб, Висел Кобе и Јокохама.