„Фашистичкиот режим на Зоран Заев проба да ја укине слободата на говорот.
Но, само успеаа да му го честитаат празникот на ВМРО.
Смрт на фашизмот слободата на народот.
Миленко е слободен !!!“
Ова е објавата на пријателката на Миленко Неделковски, Славица Трпковска. Неделковски денеска беше приведен од полицијата. Се претпоставуваше дека тоа е веројатно за да даде изјава поради случајот со наводен говор на омраза по поплавите во Грција.
Но, според изјавата што ја дал по излегувањето од ПС Автокоманда, приведувањето било поради ФБ статуси кои се однесуваат на Заев.